5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил разочара, пад на профитот за 60 проценти

Лукоил разочара, пад на профитот за 60 проценти

lukoil 43

Нето профитот на нафтената компанија „Лукоил“, пресметан во согласност со сметководствените стандарди на САД, во првиот квартал од оваа година, паднаа за 60 отсто во однос на лани.

Па така профиот падна на 690 милиони долари, а според показателот „EBITDA“ (добивката пред пресметка на каматата, данокот и амортизацијата) е исто така намален и тоа за 29,5 проценти или на 2,81 милијарди долари.

Приходите од продажба биле 23,19 милијарди долари, 35 oтсто помалку отколку пред една година, се наведува во соопштението од компанијата.

Падот на приходот, „EBITDA“ и нето профитот главно се резултат на падот на просечната цена на нафтата „уралс“ во првиот квартал за повеќе од 50 отсто во однос на првиот квартал од 2014-та година.

Капиталните трошоци, вклучувајќи ги и непаричните операции во тој период се намалени за 24,8 проценти и биле 2,43 милијарди долари. Слободниот паричен тек е зголемен за четири пати во однос на првите три месеци од минатата година и достигна 728 милиони долари.

Специфичните трошоци за производство на нафта и гас во периодот јануари-март 2015-та се намалени за 18,9 проценти или на 4,24 долари по барел нафтен еквивалент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП