3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги ублажува мерките за штедење

ЕУ ги ублажува мерките за штедење

euslika

На крајот од дводневниот самит во Брисел, лидерите на ЕУ одлучија да ги ублажат буџетските мерки за штедење се со цел да се соочат со растечката невработеност и паѓањето на економскиот раст, додека земјите како Франција, Шпанија и Португалија се уште се обидуваат да го подобрат буџетскиот дефицит.

Меѓутоа, работниците на улиците во Брисел за време на оддржување на самитот јасно порачаа дека европските мерки, барем досега не дале задоволувачки резултати.

„Ние сме свесни за се поголемата разочараност и очајот кај луѓето, но свесни сме и дека не постојат лесни одговори. Единствен пат за излез од кризата е да се справиме со нејзините корени“, порача претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

По работниците во цела Европа, тоа значи работењето со банките и крупниот капитал, а занемарувањето на обичниот човек, кој особено ако е млад, тешко може да очекува во скоро време можност за работа и нормален живот. Посебно тоа важи за земјите како Грција каде што од десет млади луѓе само четворица имаат работа.

„Товарот кој го носат нашите граѓани, особено во оние земји од програмата за помош, станува неиздржлив. Мораме да сториме се за да ги подобриме условите за живот“ нагласи претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Останува да се види дали моделот на германската дисциплина ќе вроди со плод и на европското тло. Вистина е дека во кризата како први жртви паднаа обичните луѓе и нивните работни места, а за жал тие и последни ќе го почуствуваат закрепнувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП