5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен прометот во индустријата

Зголемен прометот во индустријата

grafic-up.sxchu_

Прометот во индустријата во јануари 2013 година е поголем за 7,7 отсто во споредба со претходниот месец и за 2,6 отсто во однос на декември 2012. Пораст  се бележи на странскиот пазар за 5,2 осто, додека на домашниот пазар има опаѓање од 3,4 осто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на јануари 2012 пораст од 74,9 отсто има секторот Рударство и вадење на камен, а секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,2 отсто.

Раст од 14,5 отсто има индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија, Нетрајни производи за широка потрошувачка пораснале за 13,9 отсто, додека опаѓање се бележи кај Енергија за 26,2 отсто, Капитални производи за 10,8 и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП