
Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2012 година забележа раст од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.


Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2012 година забележа раст од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2012 најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 10,6 отсто и Хотели и ресторани од 5,2 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално расте за 1,2 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 отсто.
Извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 0,5 отсто, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 6 проценти.