10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba се подготвува да ги совлада конкурентите во „облак“ услугите

Alibaba се подготвува да ги совлада конкурентите во „облак“ услугите

Alibaba_BetaAP

„Alibaba“ склучи голем број партнерства со цел да ги зајакне своите глобални предлози поврзани со „облак“ услугите, што ја става во директна конкуренција со компании како „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“, пишува „CNBC“.

Трансакциите, вклучувајќи ја оваа со „Intel“, ќе и помогнат на „Aliyun“, „облак“ поделбата на „Alibaba“, да ги користи постоечки центри за податоци создадени од нејзините партнери, така што компанијата може да понуди сопствени услуги.

Со тоа што нема да гради сопствени центри за податоци, „Alibaba“ ќе заштеди пари, а преку партнерствата ќе ги зајакне своите глобални предлози во областа на „cloud computing“, а со тоа ќе стигне до потенцијално нови пазари.

„Постојат се повеќе и повеќе проблеми со складирањето на податоците и се повеќе и повеќе клиенти кои имаат потреба од повеќе можности за складирање“, посочува Симон Ху, претседател на „Aliyun“.

Раководството на „Alibaba“, потврди дека со овој потегот има за цел да им обезбеди на малиот и средниот бизнис вистинската инфраструктура неопходна за користење на силата на податоците и анализата.

„Сакаме да им помагаме на други компании. Сакаме да ја промениме индустријата“, дополнува Ху.

„Alibaba“ има вкупно седум партнери, вклучувајќи ја американската компанија за центри за податоци „Equinix“ и сингапурскиот телекомуникациски гигант „Singtel“. Овие партнерства и овозможуваат на „Alibaba“ да обезбеди глобални достигнувања на својот бизнис со „облак“ услуги.

Приходите на „Alibaba“ од овој бизнис, исто така се зголемуваат исклучително брзо, од 213 милиони јуани (34 милиони долари) во првиот квартал на 2014-та година до 388 милиони јуани во истиот период од оваа година. Зголемувањето е за цели 82%. И сепак „облак“ услугите претставуваат мал дел од вкупните приходи на компанијата.

Ху не е загрижен од конкуренцијата и тврди дека успехот на американските ривали на „Aliyun“ само ќе и помогнат на компанијата.

„Тие имаат улога на прекрасни модели на „Aliyun“ и ни сакаме да учиме од нивните силни страни“, коментира тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП