2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Просечна плата од 1.000 евра

Словенија: Просечна плата од 1.000 евра

slovenija2

Просечната нето плата во Словенија во јануари изнесувала 998,18 евра, што е за 0,2 проценти помалку од декември минатата година.

Овој износ е за 0,5 проценти поголем отколку износот во јануари 2012 година, соопшти словенечкиот Завод за статистика.

Кога станува збор за бруто приходот на вработените во Словенија, просекот во јануари изнесувал 1.523,80 евра, што е за 0,7 проценти помалку отколку во декември и за 0,3 проценти помалку од јануари 2012 година, пренесува агенцијата СТА.

Бруто приходите во јануари биле намалени во повеќето сектори во јануари 2012 година, па така, најголемиот пад бил забележан во областа на образованието – 5,9 проценти, културата, забавата и рекреацијата – 4,7 проценти и во здравствените и социјалните служби – 2,7 проценти.

Најголем раст на платите бил забележан во рударската индустрија – 10,4 проценти, производството на енергија и гас – 5 проценти и во производствениот сектор – 3,5 проценти.

Приходите во јавниот сектор од просечните 1.754,05 евра во јануари 2013, во споредба со декември 2012 година, се намалени за 1,6 проценти, а во приватниот сектор за 0,1 проценти – 1.397,13 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП