18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат трошоците за работна сила во ЕУ и еврозоната

Растат трошоците за работна сила во ЕУ и еврозоната

rabotnasila1

Трошоците за работната сила во ЕУ и еврозоната во четвртиот квартал од минатата година се зголемени за 1,3 проценти на годишно ниво, објави европскиот Завод за статистика – Еуростат.

Според овие резултати растот на годишно ниво е забавен, бидејќи трошоците за работната сила и во третиот квартал минатата година се зголемија за ревидирани 1,8 проценти во споредба со истиот период од претходната година и во ЕУ и во еврозоната.

Во последниот квартал од минатата година, трошоците за 17-члената еврозона се зголемени за 1,4 проценти во споредба со претходната година, а придонесите се зголемени за еден процент.

Во ЕУ во целина, трошоците за плати се зголемени за 1,4 проценти, додека придонесите за 1,2 проценти.

Меѓу одделни сектори најголем раст на вкупните трошоци за работна сила за еден час е забележан во индустријата, во висина од 2,5 проценти. Во 27-члената ЕУ на прво место е индустрискиот сектор, со раст на вкупните трошоци од 2,6 проценти.

Меѓу земјите-членки чии податоци се достапни за Еуростат, најголем е годишниот раст на вкупните тршоци за работна сила по час во Романија, во висина од 7,6 проценти и во Естонија за 6,7 проценти.

Падот на вкупните трошоци е забележан во Шпанија со 3,4 проценти и во Словенија со 2,1 проценти, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП