3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени цените на потрошените средства во земјоделството

Зголемени цените на потрошените средства во земјоделството

zemjodelie-ceni

Цените во земјоделството во февруари годинава во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 6,8 проценти, а кај аутпутот се  намалени за 2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари годинава, во споредба со истиот месец лани, цените на  тековно потрошените средства во земјоделството се зголемени за 7,1 процент,  а на  средствата наменети за инвестиции во земјоделството за 0,3 проценти.

Во делот аутпут, во февруари годинава, во споредба со февруари 2012 година,  цените на растителното производство се намалени за 4,8 проценти, а на добиточното производство  се зголемени за 6,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП