6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz очекува стабилнa добивка во 2013

Allianz очекува стабилнa добивка во 2013

M

Германскиот осигурителен гигант „Allianz“ во оваа година очекува стабилна или малку повисока добивка во споредба со претходната година, се вели во соопштението за годишниот извештај на компанијата.

Најголемиот европски осигурител, сепак не сакаше да даде прецизна проценка за нето добивката поради неизвесноста околу каматните стапки и девизниот курс, како и можните нарушувања на пазарите на капитал, бидејќи сето тоа би можело да влијае на не-оперативниот приход.

„Со оглед на тоа дека нашите проекции не предвидуваат поголеми пореметувања на пазарот на капитал, во 2013 година очекуваме стабилна или малку повисока добивка во споредба со минатата година“, се вели во деловниот извештај.

„Allianz“ во 2012 година оствари нето добивка од 5,2 милијарди евра

Оперативната добивка на „Allianz“ лани беше зголемена за 21 процент, на 9,5 милијарди евра, со помош на двоцифрениот раст во сегментот на осигурување и зголемување на оперативната добивка за една третина во сегментот на управување со средствата, со оглед на намалените стравувања во врска со кризата во еврозоната.

Предвидената оперативна добивка за 2013 година изнесува 9,2 милијарди евра, плус или минус 500 милиони евра во зависност од степенот на несигурност во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП