6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција отпушта 5000 државни службеници

Грција отпушта 5000 државни службеници

grcija

Грчката влада планира до крајот на годината да отпушти повеќе од 5.000 државни службеници, како би ги задоволила побарувањата на странските кредитори.

Атина оваа недела ги прекина преговорите со Европската комисија, Европската централна банка и со Меѓународниот монетарен фонд, поради несогласувањата во структуралните реформи.

До крајот на месецот Грција би требало да добие помош од 2.8 милијарди евра.

Според медиумите во оваа земја, владата не успеала да се договори со кредиторите во врска со отпуштањето на државните службеници, воведувањето на данокот за имот и начинот на исплата на неисплатените даноци.

Исто така се наведува дека владата е подготвена да отпушти 5.000 службеници, а и дека нивото на невработеност во Грција достигна рекордни 26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП