18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард за судбината на Кипар

Лагард за судбината на Кипар

lagard2

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе присуствува на денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната.

На состанокот ќе се разговара за потенцијалниот пакет помош за Кипар, изјави портпаролот на ММФ, Бил Мареј.

На прашањето дали ММФ ќе учествува во спасувачкиот пакет за оваа медитеранска земја, Мареј не сакаше да одговори, но истакна дека ММФ сака трајно решение за кипарската финансиска криза, пренесува Франс Прес.

Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе се состанат во Брисел, по дводневниот самит на лидерите на ЕУ, за да разговараат за планот за помош за Кипар.

Кипар во јуни минатата година побара финансиска помош од 17 милијарди евра, откако двете најголеми домашни банки побараа државна помош по големите загуби настанати поради должничката криза во соседна Грција.

Кипар ќе побара заем и од Русија

Кипар, сепак, ќе побара финансиска помош и од Русија, која ќе и помогне на оваа земја да го избегне банкротот, најави неименуваниот кипарски дипломат.

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис во понеделник ќе отпатува во Москва за да види дали Русија може да направи нешто за Никозија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП