15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПедро останува во Барселона

Педро останува во Барселона

pedro 00

Напаѓачот на Барселона, Педро Родригес, го продолжил договорот со клубот до 2019-та година, соопштија од редовите на шпанскиот првак.

Педро кој со Барселона има освоено вкупно 18 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампионите, во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Арсенал.

Сепак тој и покрај малата минутажа која ја добиваше од Луис Енрике реши да остане во Барселона. Сезонава, во која многу ретко беше стартер, тој постигна 11 голови.

За шпанската репрезентација има одиграно 50 натпревари и постигнато 16 голови, тој беше во составот на шпанските селекции кои во 2010-та и 2012-та година триумфираа на светското и европското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП