27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот „Breakers Hotel“ (фото)

Луксузниот „Breakers Hotel“ (фото)

plm1

Breakers Hotel“ е познат во целиот свет како едно од најдобрите места за одмор во Палм Бич…

Тој е прекрасна атракција самиот по себе, се наоѓа на само 15 минути возење од Интернационалниот аеродром во Палм Бич, што значи дека може да ви биде прва и единствена дестинација доколку се одлучите да ја посетите сончевата држава, Флорида.

Направен на самата плажа, од страна на нафтениот тајкун Хенри Флаглер во 1896 година, најпрво бил познат како „Palm Beach Inn“, но името му е променето откако неколку гости цело време го викале „хотел покрај плажа“. Оргиналната градба, за жал, уништена е во пожар во текот на 1925 година, но наследниците на Флаглер одлучиле да ја обноват градбата, и така го креираат новиот хотел со 550 луксузни соби.

Покрај фактот дека на своите гости им сервира и парче од историјата, „Breakers Hotel“ има 10 одлични ресторани, два голф терени, а за максимално релаксирање тука се и базенот, спа центарот и фитнес салата. Исто така, тука е и „малата војска“ која брои 1.800 вработени, кои се тука да се погрижат вашиот престој во хотелот да биде апсолутно совршен.

plm2

plm3

plm4

plm5

plm6

plm7

plm8

plm9

plm10

plm11

plm12

plm13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП