Австралијците обожуваат пита со месо и тоа често го покажуваат – сега претставија пита која чини неверојатни 12.000 долари.
Оваа креација доби сертификат за рекорд, како најскапата пита во светот. Готвачот Пол Медкалд помина три недели во дизајнирањето на оваа пита во својата кујна во хотелот „Lord Dudley“ во Падингтон, луксузен хотел во Сиднеј.
Оваа пита содржи wagyu filet кое чини 180 долари за килограм, јапонско Kobe говедско кое чини 40 долари по килограм и кое е готвено 12 часа, два WA јастога, сушени италијански porcini печурки, две шишиња Pendolds Granage сос при што само едно чини 750 долари, рачно изработено златно лиснато тесто, како и германски златни листови. Тука се и француските тартуфи, кои чинат 180 долари по парче.