30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХарухико Курода – новиот човек на чело на јапонската централна банка

Харухико Курода – новиот човек на чело на јапонската централна банка

haruhiko1

Јапонскиот парламент во петокот го одобри предлогот на владата за гувернер на централната банка да биде назначен Харухико Курода, за кој се очекува дека ќе го засили монетарното поттикнување за раст на третата по големина светска економија, пренесуваат светските медиуми.

Горниот дом на јапонскиот парламент денеска го одобри владиниот предлог, а долниот дом тоа го направи вчера, пренесува BBC.

Курода истакна дека ќе стори се што е потребно за да ја крене инфлацијата на два проценти.

Јапонија веќе 20 години повремено се бори со пад на потрошувачките цени, кој според толкувањето на аналитичарите и штети на економијата, бидејќи ги одвраќа компаниите и потрошувачите од инвестирање и купување, и ја отежнува отплатата на долговите.

Горниот дом на парламентот, исто така го одобри именувањето на Кикуоа Ивата и Хирошија Накасоа за вицегувернери. Курода во меѓувреме поднесе оставка од функцијата претседател на Азиската развојна банка .

Сите тројца беа предложени од страна на новиот премиер Шинзо Абе, кој го освои мандатот ветувајќи дека ќе ја извлече јапонската економија од долготрајнта криза.

Курода често ја критикуваше политиката на централната банка и е поборник на планот на новиот премиер Шинзо Абе за ублажување на монетарната политика и зголемување на државната потрошувачка.

Курода и Ивата истакнаа дека го поддржуваат купувањето на државни обврзници со долг рок на доспевање, со цел централната банка да ја оствари целната стапка на инфлација од два проценти.

Тројцата именувани официјални лица ќе ја превземат контролата на централната банка, откако гувернерот Масаки Ширакава ќе го отстапи ова место на 19 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП