25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците незадоволни од Германците

Американците незадоволни од Германците

berlin2

Форд, ИБМ, Мекдоналдс – американските компании во Германија, инвестирале околу 130 милијарди евра.

Тоа упатува кон фактот дека Германија е атрактивна за инвестиции. Меѓутоа, американските инвеститори предупредуваат дека постојат недостатоци.

Еднаш годишно, Американската стопанска комора во Германија, спроведува анкета меѓу инвеститорите за ситуацијата и перспективата на економијата во таа земја, како и за условите за водење на бизнис.

На овогодинешниот „X.AmCham Business Barometer“ учествуваа 58 претежно големи компании. Тие заедно годишно заработуваат околу 95 милијарди евра во Германија и вработуваат 240,000 жители.

Нивните прогнози за минатата година беа претпазливи, но за оваа година тие се повеќе оптимистични.

„Навистина позитивно во оваа ситуација е тоа што и американските инвеститори не само што веруваат во развојот на Германија, туку и според тоа ги ориентираат и своите стратешки планови за развој и понатамошно инвестирање. Тоа е израз на нашата доверба дека во иднина Германија ќе може добро да планира и да ги постигнува работите“, вели Бернард Матс, потпретседател на Американската стопанска комора во Германија, „AmCham Germany“.

Меѓутоа, кога ќе погледнеме во иднина, не е се така розево. Американските инвеститори сметаат дека најголемата европска економија е претерано самозадоволна. Според мислењето на Клаус Фуст од компанијата за финансиско советување „Roland Berger“, која ја спроведе анкетата по барањето на „AmCham“, тоа е видливо и во бројните разговори кои се водени со американските работодавци.

„Инвеститорите велат дека Германија е многу успешна, но дека во моментов таа стагнира потпирајќи се на своите стари успеси“.

Околу 85 проценти од американските компании сметаат дека постои голема потреба за понатамошни реформи во оваа земја, доколку таа сака да ја задржи конкурентноста на светскиот пазар.

Американците стравуваат од се повисоките цени на енергијата во Германија, доколку овој тренд продолжи, индустриските гранки кои трошат големо количество на електрична енергија, добро ќе размислат дали ќе останат во Германија, предупредува Бернард Матс.

При донесувањето на одлуката дали инвеститорите ќе инвестираат во Германија, Франција, Италија или некои други земји, националните граници немаат многу голема улога, нагласува Матс. Поважни се условите за водење на бизнис во некои земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП