18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајвредните брендови во светот

Највредните брендови во светот

brendovi 100

„Apple“ ја врати лидерската позиција меѓу најскапите брендови на светот во рангирањето на „BrandZ“ и „Millward Brown Optimor“, која и беше одземена минатата година од страна на „Google“.

Марката на производителот на потрошувачка електроника се проценува на 247 милијарди долари. За последната една година вредноста на брендот на „Apple“ порасна за цели 67%, а во основата на овој успех е зголемената популарност на нејзините смартфони.

„Google“ падна на второто место, откако вредноста на брендот порасна за само 9% во последната година или до 173.65 милијарди долари.

Новиот тренд во рангирањето е пораст на бројот на кинески брендови. Во оваа година 14 кинески брендови се присутни меѓу 100-те највредни во однос на едвај еден во 2006-та година.

„Facebook“ е најдобрата светска марка според растот на вредноста или од 99% во текот на изминатата година. Сериозни загуби бележи брендот на „McDonald’s“, кој се најде на деветтото место во однос на петтото од пред 12 месеци.

Трговскиот лидер во онлајн трговијата, „Alibaba“ за прв пат се појави во рангирањето, а како бренд се проценува на 66 милијарди долари, со што ја надминува проценката на досега најголемите трговци „Amazon“ и „Walmart“.

Европските марки ги губат позиции главно од кинеските и враќањето на државните. Само 24 европски брендови си обезбедија место во престижната листа.

Топ пет на највредните брендови се дополнува уште од „Microsoft“, „IBM“ и „Visa“.

Стоте највредни брендови се со вкупна вредност од над 3 илјади милијарди долари. Нивната вредност се зголеми повеќе од двојно во споредба со 2006-та година. Таа исто така е за над 50% повеќе во споредба со 2008-ма година.

brendovi 102222

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП