8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин стави „рампа“ за странските банки

Путин стави „рампа“ за странските банки

putin1

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува странските банки да отвараат филијали во Русија, објавуваат странските медиуми.

Законот пропишува странските финансиски организации во Русија да можат да функционираат само преку своите ќерки-фирми.

Владата објаснува дека предложила да се воведе забрана поради неможноста на руските регулаторни органи да спроведат комплетна контрола над филијалите на странските банки, бидејќи начинот на нивното функционирање не спаѓа под јурисдикцијата на Русија.

Слична спецификација на активностите на филијалите на странските банки  во однос на членството на Русија во Светската трговска организација (СТО), може негативно да влијае на конкурентноста на руските банки. Поради тоа владата смета дека во таа фаза прерано е да се основаат филијали на странски банки во Русија.

Забраната за отварање на филијали на странски банки всушност е веќе на сила бидејќи ниту една банка не е регистрирана, па така потпишувањето на законот е само потврда на постојната ситуација.

Истовремено, ќерките-фирми на странските банки активно работат на рускиот пазар. Така, меѓу десетте најголеми руски кредитни организации спаѓаат „Јуникредит“, банка која и припаѓа на италијанската група „Уникредит“, а активна е и „Рајфајзен“ банката, ќерка на истоимената австриска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП