2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP ја напушта Словенија

HP ја напушта Словенија

hewlett packard 3par-406121746_v2.grid-6x2

Компјутерскиот гигант „Hewlett-Packard- HP“ потврди дека ја напушта Словенија, што значи дека повеќето од 70 вработени ќе останат без работа, пишува регионалниот потрал Seebiz.

Како што наведуваат, тоа значи дека „HP“ целосно ќе се повлече од словенечкиот пазар, бидејќи најголемиот производител на персонални компјутери во Словенија ќе се потпира исклучиво на партнерите.

Словенија ќе остане дел од јадранскот регион за „HP“. Дел од работите ќе се покриваат од Хрватска, а дел од другите централи, во зависност од видот на производите.

Словенечката подружница ќе биде затворена до крајот на септември, а во корпорацијата ќе се обидат да пронајдат нови работни места за сегашните вработени.

Според новата организација, компанијата ќе биде глобално поделена на „HP“ и „Hewlett-Packard Enterprise“.

Директорот на „HP“ Словенија, Изток Кланчник, не сакаше да ја коментира одлуката на компанијата, а порталот дознава дека и тој самиот ја дознал непосредно пред моментот кога морал да ги извести работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП