9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ бара рамнотежа меѓу штедењето и растот

ЕУ бара рамнотежа меѓу штедењето и растот

eu111111

Лидерите на ЕУ ќе се обидат на самитот во Брисел да пронајдат рамнотежа меѓу штедењето и поттикнувањето на растот.

Германија, најголемата европска економија и донатор, строго се држи до политиката на штедењето, наведувајќи дека единствено дисциплината обезбедува реален раст, додека Франција и некои други земји на ЕУ бараат ублажување на мерките за штедење со цел да го намалат моменталното страдање.

Меѓутоа, може да се каже дека нивната дебата е од академски тип. Италијанската партија која се противи на мерките за штедење, минатиот месец освои неверојатни 25 проценти од гласовите, што е предупредување за германската канцеларка Ангела Меркел која кон крајот на оваа година очекува избори.

Синдикатите се против мерките за штедење, тие упатија неколку пораки до самитот, „Не ни е потребен самитот на кој лидерите на ЕУ ќе ја одберат суровата реалност“.

Еден од европските официјални претставници изјави дека исходот од парламентарните избори во Италија направил многумина да се замислат.

„Проблемот е во тоа што владите на земјите допрва треба да ги избалансираат јавните финансии после неколкугодишното прекумерно трошење, но штедењето и стегањето на каишот не смеат да бидат единствените опции“, изјави претставникот.

За време на дводневниот самит, лидерите на 27 земји-членки на ЕУ, ќе разговаат за проблематичниот Кипар и за одобрувањето на пакет помош за таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП