26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWhirlpool најавува 2.060 откази во Италија

Whirlpool најавува 2.060 откази во Италија

WhirlpoolIndesitJPEG-0956a_1405077854-274-U10301962744853E1F--990x556@LaStampa.it

Планот на американскиот производител на бела техника „Whirlpool“ да отпушти 30 проценти од работната сила во Италија е „шокантен“, изјави италијанската министерка за индустрија, Федерика Гвиди.

И покрај долгите разговори меѓу вработените и управата на компанијата, во кои посредуваше и официјален Рим, не дојде до прифатливо решение, наведува министерката, пренесува агенцијата АНСА.

„Whirlpool“ првично најави 1.350 откази, а сега тој број сака да го зголеми на 2.060 – постапка која ја нарекоа „неприфатлив, ладен и апсурден“ план.

Синдикатите во Италија предупредија дека минатогодишното преземање на италијанскиот производител на домашни апартати „Indesit“ од страна на „Whirlpool“ за 758 милиони евра ќе резултира со масовни откази.

Договор со американската компанија во јули минатата година потпишаа синдикатите UILM, FIM и UGL, како и централната и локалната власт во Италија, со цел спасување на 1.425 работни места во „“ и обезбедување на инвестиција вредна 83 милиони евра.

Работниците собрани во синдикатите на почетокот на мај го блокираа автопатот меѓу Рим и Неапол во вид на протест поради предложените откази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП