Сместен на познатата Колинс авенија во Мајами, на саматa плажа, „1 Hotel South Beach“ е совршена почетна точка за истражување на овој град…
Гламурот на овој дел од Мајами е неприкосновен со било кој друг, а од овој хотел совршено можете да ја впиете таа атмосфера. Со четири величествени базени и 426 прекрасно декорирании сместувачки единици, овој хотел е идеално место за забава и одмор.
Веднаш пред хотелот се наоѓа прекрасната чиста плажа, прекриена со златен ситен песок. На неа се наоѓаат мали ложи за гости, како и голем број на забавни активности. Хотелот поседува и грандиозна тераса на кровот од која ќе можете да уживате во магичниот поглед на океанот и неговите бранови.
Една од најголемите атракции на овој хотел е прекрасниот „Beachcraft“ ресторан, кој е прогласен за еден од најдобрите во Мајами, а го основал познатиот готвач Том Коликио. Ресторанот ќе ве изненади со големиот број на уникатни јадења и специјалитети.
Најдобро место каде можете да го завршите вашиот ден во овој луксузен хотел е терасата на кровот, каде исто така има бар. Уживањето во специфичните коктели или чашата шампањ, заедно со поглед кон околината кој не може да се ограничи, звучи како комплетно задоволство.