5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнижевна вечер посветена на Михаил Ренџов

Книжевна вечер посветена на Михаил Ренџов

knigi-kniiii

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира книжевна вечер по повод 50 години од творештвото на истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов и 50 години од излегувањето на неговата прва стихозбирка „Иселеник на огинот“.

За творештвото на Ренџов ќе зборува проф. д-р Венко Андоновски, а стихови ќе интрепретира актерот Роберт Велјановски. Чествувањето ќе се одржи во вторник, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 19.00 часот.

Михаил Ренџов е истакнат македонски поет, раскажувач и препејувач. Автор е на дваесет книги поезија, препеви и раскази. Од неговата поезија се објавени многу поетски избори и е преведуван на повеќе од повеќе светски јазици. Добитник е на значајни книжевни награди од областа на поезија и прозата.

Поезијата на Михаил Ренџов претставува едно од најзабележливите естетски возвишенија на македонската книжевна мапа. Врвните поетски достигнувања на овој автор произлегуваат од неговата внедреност во јазикот, моќната имагинација и идејно-мотивското богатство што се протега од непосердното опкружување и внатрешните длабочини до метафоричните сфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП