25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишана Рамковната програма на ФАО за Република Македонија

Потпишана Рамковната програма на ФАО за Република Македонија

image

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беше потпишана Рамковната програма на ФАО за Република Македонија за периодот 2013-2015.

Програмата ја потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, постојаниот претставник на ОН, Диадре Бојд и Тони Алонзи од  Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Рамковната програма ги дефинира приоритетните проекти што ќе бидат поддржани од ФАО во наредниот тригодишен период. Покрај националните проекти,  програмата предвидува спроведување на регионални проекти, наменети за Западен Балкан и земјите во регионот.

Утврдени се неколку приоритетни области за поддршка, како руралниот развој, конкурентноста на земјоделството, шумарството, фитосанитарната политика и земјоделската инспекција,  а предложените проекти ќе имаат директно влијание врз зголемување на конкурентноста на секторот, постигнување квалитет и безбедност на храната, одржливо управување со ресурсите, како и јакнење на капацитетите на институциите.

– Во овие области, ФАО има компаративна предност и техничка експертиза која може да се озбезбеди преку проекти за техничка соработка, пришто дел од утврдените проекти, меѓу кои проектот за педолошката карта, подготовка на националната статегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година, ажурирањето на  статегијата за органско производство се во фаза на спроведување, додека проектот за намалување на ранливоста на земјоделскиот сектор кон климатските промени и проектот за поддршка на консолидацијата на земјоделското земјиште се очекува да започнат до крајот на годината и во текот на 2014 година, се вели во соопштението.

На состанокот, кој се одржа по потпишувањето на програмата, министерот Димовски ги презентирал состојбите во секторот и долгорочните владини политики за унапредување  на земјоделството и развојот на руралните средини. Меѓу другото информирал за неодамнешните поплави што ја зафатија државата и предизвикаа штети врз земјоделското производство. Притоа е договорено во најскоро време Министерството за земјоделство да достави барање до техничката единица на ФАО одговорна за одобрување итна помош на земјите кои се погодени од ваков вид непогоди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП