18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G го продава козметичкиот сектор

P&G го продава козметичкиот сектор

p&g125456633llddld

Мултинационалната компанија „Procter&Gamble – P&G“ со седиште во САД планира да ја продаде својата дивизија „Cosmetics and beauty skin“ во рамките на програмата за реструктуирање на ниво на групацијата, дознава швајцарскиот весник „24 часа“.

Приходите од продажбата во овој сектор во минатата година изнесувале 8,0 милијарди долари, со нето профит од 1,5 милијарди , додека вкупните приходи на групацијата изнесуваа 83 милијарди долари.

Меѓутоа, како што се наведува, овој глобален лидер во секторот за стока за широка потрошувачка, веќе пет квартали по ред се соочува со пад на приходите, па генералниот директор, Алан Џорџ Лафли, уште во август најави план за реструктуирање на глобално ниво.

Со оваа програма предвидена е заштеда над 1,2 до 1,8 милијарди долари за една година, со продажба на дивизиите кои се најмалку профитабилни, како што е и козметичкиот сектор.

Директорката за односи со јавност на швајцарската филијала на оваа компанија, Фредерика Риб Ландри, изјави дека силниот франк и фискалните реформи на компанијата во Швајцарија не го погодува нивниот развој ниту нивото на вработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП