28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија собра 803 милиони евра

Шпанија собра 803 милиони евра

shpanija2

Шпанија на специјалната аукција за обврзници со долг рок на доспевање собра 803 милиони евра, што покажува дека довербата на инвеститорите се зголемува.

Шпанија на денешната аукција продаде 28-годишни обврзници вредни 365 милиони евра, со принос од 5,432 проценти, што е пад за 5,696 проценти во споредба со последната слична аукција која беше одржана на 17 јануари, пренесува Франс Прес.

Исто така беа продадени и 16-годишни обврзници вредни 134 милиони, со камата од 5,224 проценти и 27-годишни обврзници во вредност од 304 милиони евра, со принос од 5,434 проценти.

Побарувачката беше двојно поголема од понудата

Каматната стапка на обврзниците со рок на доспевање од 28 години беже значително намалена во споредба со последната аукција, што е показател за пад на тензиите во однос на шпанските јавни финансии, соопшти Банката на Шпанија.

Шпанија, четвртата најголема економија на еврозоната, ги отфрли шпекулациите од минатата година за потребата од помош од нејзините партнери од еврозоната, а трошоците за позајмување од тогаш се намалија од опасно високото ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП