28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на вработеноста во ЕУ и еврозоната

Пад на вработеноста во ЕУ и еврозоната

vraboteni1

Бројот на вработените граѓани во 17-члената Европска унија благо се намали во четвртото тромесечје минатата година во однос на претходните три месеци, извести во четвртокот Еуростат.

Во четвртото тромесечје од 2012 година во Европската унија биле вработени 222,6 милиони лица, од кои 145,7 милиони во еврозоната, проценува Еуростат напоменувајќи дека станува збор за сезонски прилагодени податоци.

Со тоа нивниот број е намален за 0,2 проценти во однос на претходното тромесечје, а во еврозоната намалувањето изнесува 0,3 проценти. Во третото тромесечје бројот на вработени бил намален за 0,1 проценти во еврозоната, додека во ЕУ процентот останал непроменет.

Помеѓу земјите членки, за кои податоците беа достапни, најголемо зголемување на вработеноста во четвртото тромесечје во однос на третото, забележале Луксембург за 0,6 проценти, Полска за 0,4 проценти и Унгарија за 0,3 проценти. Најголем пад забележале Литванија и Португалија, и двете за два проценти, потоа Бугарија за 1,5 проценти, Шпанија за 1,4 проценти и Кипар за 1,3 проценти.

На годишно ниво, вработеноста во четвртиот квартал е намалена за 0,8 проценти во еврозоната и за 0,4 отсто во ЕУ. Во третото тромесечје намалена е за 0,6 проценти, односно за 0,4 проценти.

За цела 2012 година, вработеноста во еврозоната е намалена за 0,7 проценти, а во ЕУ за 0,4 проценти, во споредба со падот од 0,3 проценти во двете зони во 2011 година, објавува Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП