26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGenerali со највисок оперативен профит во последните 7 години

Generali со највисок оперативен профит во последните 7 години

generali 333

Оперативната добивка на италијанската осигурителна компанија „Generali“ за првиот квартал се зголеми за 6%, надминувајќи ги прогнозите, откако растот во бизнисот за осигурување на живот го компензира падот на останатите активности, пренесува „Reuters“.

Третиот по големина осигурител во Европа посочи дека оперативната добивка за периодот достигна 1,32 милијарди евра – најдобар квартален резултат по повеќе од 7 години. Пазарот очекуваше ниво од 1,28 милијарди евра.

Приходите во првите три месеци од годинава се зголемија за 8,3% до 20,1 милијарди евра, како резултат на растот со 12,7% кај осигурувањето на живот.

Компанијата со седиште во Милано посочи дека нејзините резултати биле подобри од очекуваното, а оперативната добивка порасна како последица на зголемените финансиски пазари.

Слично на своите ривали, „Generali“ се соочува со слаб раст на внатрешниот пазар и ниските камати кои ја „јадат“ од рентабилност.

Во март извршниот директор Марио Греко, рече дека групацијата сака постепено да ја зголеми дивидендата во наредните неколку години.

„Ова е добар почеток на годината и добро предзнак за остатокот од неа“, изјави финансискиот директор Алберто Минали.

За време на денешната седница, во Милано акциите на „Generali“ ce тргува за 17,78 евра во готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП