26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона прв финалист во ЛШ

Барселона прв финалист во ЛШ

bars

Фудбалерите на Барселона изборија пласман во финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015. Барселона во полуфиналниот двомеч го надигра минхенски Баерн со 5:3.

Барселона првиот меч на „Ноу Камп“ го доби со 3:0, а во реваншот загубија со 3:2. Реваншот практично беше решен по половина час игра кога Нејмар погоди за 1:2.

Баерн стигна до предност по само седум минути игра, кога Бенатија го совлада Тер-Штеген. Сепак надежите на Баерн дека може да направи чудо ги сруши триото на Барса Меси-Суарез-Нејмар во перидот од 15. до 30.минути. Аргентинецот креираше, Уругваецот асиситираше, а Бразилецот реализираше.

Баварците и покрај негативниот резултат го притиснаа противникот и во преостанатите 15 минути од првиот дел пропуштија четири големи шанси за постигнување на гол, редоследно Тер-Штеген не успеаја да го совладаат два пати Милер и два пати Левандовски.

Во второто полувреме Барса целосно се повлече, се обиде да го забави ритамот на натпреварот, а дека Луис Енрике е задоволе од резултатот покажа и замената која ја направи во полувремето, Педро влезе во игра на местото на Суарез.

Притисокот на Баерн вроди со плод во 59.минута кога Левандовски го исфрли од игра Маскерано и го совлада голманот на Барселона. Слична акција Баерн изведе и во 74.минута кога Швајнштајгер го проигра Милер, а овој од 18 метри го совлада Тер-Штеген.

Противник на Барса во финалето кое ќе се одигра на 6.јуни во Берлин ќе биде победникот од полуфиналниот двомеч помеѓу Реал и Јувентус, по првиот меч италијанскиот првак има предност од 1:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП