26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВлезниците за Еуро 2016-та од 25 до 895 евра

Влезниците за Еуро 2016-та од 25 до 895 евра

karti euro

Најевтините влезници за Европското фудбалско првенство коешто ќе се одржи во 2016-та година во Франција ќе можат да се купат за само 25 евра (малку над 1.500 денари), додека најскапите ќе чинат 895 евра, околу 55.000 денари, објави Европската фудбалска асоцијација УЕФА.

„Желбата ни е да организираме голем фестивал на европскиот фудбал и на тоа ги прилагодивме цените на влезниците и начинот на продажбата. Сите ќе имаат можност, каде и да се наоѓаат во светот, да купат влезница преку единствениот интернет портал кој е многу едноставен за користење“, се наведува во изјавата за официјалниот портал на УЕФА , шефот на Организацискиот комитет на ЕУРО 2016, Жак Ламбер.

За 43 од вкупно 51 натпревар, колку што ќе бидат одиграни од 10-ти јуни до 10-ти јули, љубителите на фудбалот ќе може да купат влазници по 25 евра, а околу 75 отсто од билетите ќе им бидат достапни на навивачите на репрезентациите коишто ќе се квалификуваат за завршниот турнир.

Најскапите влезници ќе бидат оние за финалниот натпревар кој ќе се одигра на париски „Стад де Франс“ на 10-ти јули, и за нив ќе треба да се издвојат 895 евра.

Специјалниот портал за купување на влезниците од вторникот 12-ти мај е отворен за регистрација, а продажбата ќе се врши од 10-ти јуни до 10-ти јули 2015-та година, во истиот едномесечен период во кој следната година ќе се одигрува шампионатот, а во првичната фаза од продажбата ќе бидат пуштени милион влезници.

По жрепката за ЕП, којашто ќе се одржи во декември, на навивачите на националните селекции коишто ќе се квалификуваат ќе им биде понуден пакет влезници за да можат да ја следат својата репрезентација на сите мечеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП