8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за надградба на системот за идентификација на земјишни парцели

Проект за надградба на системот за идентификација на земјишни парцели

zemjiste11

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евроамбасадорот Аиво Орав денеска ќе присуствуваат на официјалното започнување на проектот „Дополнителна надградба на системот за идентификација на земјишни парцели во рамките на Интегрираниот систем за администрирање и контрола“.

Проектот е финансиран во рамките од Инструментот за претпристапната помош (ИПА 2009) на Европската унија, во висина од 700 илјади евра и ќе трае се до јануари 2014.

Целта на проектот е да помогне во воспоставувањето на националните системи усогласени со ЕУ системите за регистрирање обработливо земјиште и проверка на апликации за финансиска поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП