4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се прават кајсиите за нашето тело?

Што се прават кајсиите за нашето тело?

108447

Кајсиите ја штитат кожата па затоа нивното консумирање се советува токму сега, во периодот пред силно изложување на сонцето.

Од кајсиите се произведува масло од кајсии кое се смета за одличен сојузник на убавината и здравјето.  Маслото од кајсии е високозастапена состојка во козметичките препарати за лицето и телото, како и во препаратите за нега на косата бидејќи како силен емолиент ја омекнува и косата и кожата.

Маслото од кајсиите е богато со витамините А, Б и Е, повеќе минерали, како и олеинска и линоленска киселина, наменето е за сувата кожа, претерано остарена и осетливата кожа како што е кожата склона на акни, егзема и дерматитис.

Освен што ги омекнува кожата и косата, ги храни и регенерира, воедно помага и при изгореници од сонце и ги намалува иритациите и јадежот, што го прави идеален летен козметички придружник.

Затоа при наредното пазарење набавете повеќе козметички производи, како шампони, пилинзи, гелови за туширање и масла на база на кајсии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП