29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Нема задолжување по 2015

Германија: Нема задолжување по 2015

germanija1

Германската влада го одобри нацрт-буџетот кој предвидува државата од 2015 година повеќе да не се задолжува.

Тоа, министерот за финансии Волфганг Шојбле го нарече „силен сигнал“ за останатите земји во Европа.

Нацртот предвидува структурно балансиран буџет за следната година, со нето задолжување од 6,4 милијарди евра, во споредба со 17,1 милијарди евра оваа година. Задолжувањето би требало да дојде до нулата во 2015 година, една година порано од првобитните планови, со цел наредните години да остане на нула.

Вкупните буџетски расходи во наредната година би требало да бидат 296,9 милијарди, што е за 1,7 проценти помалку отколку во оваа година. Во 2014 година планирано е и заголемување на даночните приходи на 260,6 милијарди. Владата очекува даночните приходи да продолжат да растат и во наредната година.

Владата силно се залагаше и другите земји да дојдат до решение за фискалните дефицити и долгови и најави дека Германија сака да биде добар пример.

За разлика од повеќето земји во ЕУ, Германија и во претходните години на европска и светска рецесија и криза, бележеше економски раст и зголемување на даночните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП