24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРајфајзен банка го напушта ЕУРИБОР

Рајфајзен банка го напушта ЕУРИБОР

bankaR1

Рајфајзен банка го напушта панелот на инвеститори кои ги одредува Еурибор, еден ден по пораката на лобито дека е под голем ризик за „егзодус“ на неговите членови.

Последното учествување во ЕУРИБОР ќе биде на 15 јануари.

„Меѓубанкарскиот бизнис на Рајфајзен стана помалку значајно и повеќе нема изгледи за учество во оваа работа“, вели портпаролката на банката Жаклин Кеј.

Пред месец дена излезе вест дека дванаесет банки се под истрага за обид за манипулација со Еурибор. Меѓу овие банки спаѓаат и француските Кредит Агрикол и Сосиете Женерал, британската ХСБЦ и германската Дојче Банк.

Обвиненијата поврзани со Еурибор следуваа по одвоениот минатогодишен скандал со местењето на каматни стапки, кога е откриено дека околу 20 банки соработувале за да манипулираат со лондонската меѓубанкарска каматна стапка- Либор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП