28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнаа подготовките за реализација на проект во Прилеп од европските фондови

Почнаа подготовките за реализација на проект во Прилеп од европските фондови

opstina-prilep-01

Во Прилеп почнаа подготовките за реализација на проект со пари од европските фондови за пречистителна станица за отпадните води. Почнаа геодетските мерења на улиците „Вера Циривири„ во населбата Рид и на улицата „Тризла“ каде ќе се ставаат големи колектори зашто проектот предвидува и обнова на 23 километри каснализациска мрежа, во првата фаза и уште 40 километри во втората фаза од проектот.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп ќе биде еден од најчистите градови во регионот со производство на еколошки чиста храна.

– Со пречистителната станица ќе се пречистуваат водите од Градската река и ќе бидат од втор степен. Освен тоа површините што ќе се наводнуваат ќе обезбедат здрава еколошка храна. Парите од околу 20 милиони евра се обезбедени, најголемиот дел од европските фондови, а дел се од Владата, рече Ристески.

Директорот на прилепски Водовод Сашо Николоски објаснува дека првата фаза е пречистителната станица со 23 километри канализациска мрежа. Со обновата уште на 40-те километри проектот ќе вреди близу 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП