
Јапонска компанија произведе четкичка за заби со која може да се измиете без да употребувате паста.


Јапонска компанија произведе четкичка за заби со која може да се измиете без да употребувате паста.
Четката со нанотехнологиј ја разви и произведе јапонската компанија „Yumeshokunin“, а ја дизајнираше Кошо Уешима. Таа користи минијатурни минерални јони, кои ги чистат забите наместо стандардната паста.
Јоните се активираат кога четката се става во вода, а потоа може да се мијат забите. Токму јоните се тие што ги чистат забите, ги отстрануваат остатоците од храна и ја чистат глеѓта.
Четката е наречена „Мисока“, што на јапонски значи последниот ден во месецот. Имено, четката треба да се фрли по еден месец.
Редизајнирана верзија на „Мисока“ е направена за Европа, по успехот што го постигна во Јапонија, кога беше продадена во два милиона примероци.
„Дури и без паста може да ги измиете своите заби по што ќе бидат чисти и сјајни како штотуку да сте ги исчистиле кај стоматолог“, се вели во кампањата.
Четката Мисока ќе биде претставена на Salone del Mobile во Милано, следната недела.