28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарините на Македонија и Црна Гора потпишаа спогодба

Царините на Македонија и Црна Гора потпишаа спогодба

carina-crnagora

Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа договор за соработка за заемна помош по царински прашања. Спогодбата ја потпишаа директорите на двете институции Ванчо Каргов и Владан Јоковиќ, денеска во Херцег Нови.

Како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, со оваа Спогодба се промовира соработка помеѓу двете царински служби и се создава правна рамка за да се обезбеди правилна примена на царинското законодавство, особено за спречување, откривање, борба против измами и истраги поврзани со царински прекршоци, преку размена на информации и взаемна помош, со цел да се обезбеди правилна пресметка на царинските давачки, даноци и други давачки, точно определување на тарифното распоредување, вредноста и потеклото на стоката, преземање мерки со што се олеснува и забрзува движењето на патници и протокот на стока, како и размена на техничко искуство заради унапредување на работата на царинските органи.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија утре и задутре во  Дубровник, Хрватска, ќе учествува на семинар на високо ниво чија тема се предизвиците од областа на царина на земјите кандидати за членство во ЕУ.

На семинарот, организиран од страна на Европската Комисија во рамки на Програмата Царина 2013, ќе учествуваат високи претставници на земјите членки на Европската унија, Хрватска и земјите кандидати за членство и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, како и генералниот секретар на Светската царинска организација.

Покрај разгледувањето на статусот на имплементација на заклучоците од Семинарот во Брдо за царинските блупринти и спроведувањето на законите поврзани со заштита на правата од интелектуална сопственост, делегатите ќе ги утврдат активностите поврзани со развојот на е-Царина, олеснување на трговијата преку партнерство со деловната заедница и развој на административниот капацитет и структура – управување со промени.

Во рамките на семинарот, Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов ќе ги претстави приоритетите на Република Македонија во рамките на овогодишното претседателство со ЦЕФТА Подкомитетот за царина и потекло на стоки.

Царинската управа на Република Македонија во рамките на претседавањето со ЦЕФТА Подкомитетот за потекло ќе организира повеќе состаноци на подкомитетот, експертски состаноци и обуки, со цел продлабочување и проширување на царинската соработка помеѓу царинските управи на земјите членки на ЦЕФТА 2006.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП