19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на производството во еврозоната

Пад на производството во еврозоната

pari121

Индустриското производство во 17 европски земји, кои го користат еврото како заедничка валута во јануари забележа пад  од 0,4 проценти, соопшти Еуростат.

Производството на трајни производи за широка потрошувачка, како што наведе Еуростат, во јануари е намалено за 1,4 проценти, додека производството на капитални стоки во еврозоната се намали за 1,2 проценти.

Од земјите во еврозоната кои ги пријавија податоците, Германија има најмал пад на производството – 0,4 проценти, Франција за 1,2 проценти, додека Финска забележала пад од 4,1 проценти.

Еврозоната во моментов е погодена од рецесија и не се очекува дека закрепнувањето ќе започне пред крајот на оваа година, наведува агенцијата АП.

Стапката на невработеност во 17 земји кои како заедничка валута го користат еврото, достигна рекордно ниво од 11,9 проценти.

Еуростат додаде дека индустриското производство во 27 земји во ЕУ, исто така забележало пад во јануари, за 0,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП