26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска ги намалува каматните стапки за да го поттикне економскиот раст

Полска ги намалува каматните стапки за да го поттикне економскиот раст

polska2

Централната банка во Полска повторно во средата ги намали клучните каматни стапки по трет пат во три месеци, во обид да го поткрепи економскиот раст.

Полска е единствената земја од ЕУ која ја избегна рецесијата по глобалната финансиска криза во 2008 година. Во меѓувреме ефектот на големите државни вложувања е намален и затоа економистите предупредуваат на опасноста од рецесија.

Со цел да се намали трендот на намалување на растот, советот за монетарна политика на централната банка во ноември го започна циклусот на постепено намалување на основната каматна стапка, чие ниво по последното намалување изнесува 4,0 проценти, што претставува најниското ниво од април 2011 година.

За сега, економската перспектива останува слаба, а вредноста на полската валута е сеуште висока во споредба со еврото.

Полскиот економски раст нагло забави во третиот квартал од 2012 година, на 1,4 проценти, откако во 2011 надминуваше 4 проценти.

Економистите предвидуваат дека растот на БДП на Полска во првиот квартал од оваа година дополнително ќе забави, односно ќе изнесува само еден процент. Тие предупредуваат за опасноста од стагнација или дури и пад на активностите. Полската валута во минатата година зајакна во однос на еврото речиси 10 проценти, со што се класифицираше во групата на светските валути со најголем скок на вредноста. Владините официјални лица велат дека тие преферираат послаба домашна валута со цел да и се помогне на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП