20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови преговори за буџетот на ЕУ

Нови преговори за буџетот на ЕУ

D

Европскиот парламент денес повика на нови преговори за седум-годишниот буџет на Европската унија, кој е договорен минатиот месец.

За промена во буџетот гласаа 506 парламентарци, 161 беа против, а 23 отсутни, но и тие повикаа на поголема флексибилност во буџетот за периодот од 2014 до 2020 година, пренесува Франс Прес.

Европските лидери на февруарскиот самит се договорија да го ограничат буџетот на ЕУ на 908,4 милијарди евра, со горна граница од 960 милијарди евра.

„Денешното гласање е очигледен показател дека Европскиот парламент ја прифати одговорноста и дека ќе се бори да го подобри буџетот на ЕУ. Ние сме подготвени за сериозни преговори и се надеваме дека владите на земјите членки ќе бидат одговорни како Европскиот парламент“, изјави лидерот на социјалистичката групација во парламентот, Ханс Свобода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП