4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлександар Трајковски договорил соработка со Палермо

Александар Трајковски договорил соработка со Палермо

trajkovski 33

Македонскиот репрезентативец, фудбалерот на Зулте Варегем, Александар Трајковски, од наредната сезона ќе настапува во италијанска Серија А, во дресот на Палермо.

Трајковски потпишал двегодишен договор со Палермо, екипа која по 34 натпревари се наоѓа на 10-то место во Серија А.

Дваесет и двегодишниот Трајковски во кариерата има настапувано за Цементарница 55, Интер Запрешиќ (Хрватска), а во Зулте Варегем е од 2011-та година. Една сезона како позајмен играч го носел дресот на Мехелен. За македонската репрезентација има одиграно 22 натпревари и постигнато четири голови.

Трајковски сезонава одигра 33 натпревари за Зулте Варегем на кои четири пати беше стрелец.

Александар Трајковски е третиот Македононец кој од наредната сезона ќе настапува во Серија А, претходно Горан Пандев го договори своето враќање во калчолигата, тој од Галатасарај ќе се пресели во Џенова, а негов клупски колега ќе биде и Никола Јакимовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП