
На листата со најмногу милијардери во однос на бројот на жители, која ја состави веб сајтот „Слејт“ на прво место се наоѓа Кралството Монако.


На листата со најмногу милијардери во однос на бројот на жители, која ја состави веб сајтот „Слејт“ на прво место се наоѓа Кралството Монако.
Втора е државата на Карибите Сент Китс и Невис, а трета е Гернзи, британски кралски имот меѓу брегот на Франција и Велика Британија во Ла Манш.
Во Монако живеат тројца милијардери, но со оглед на тоа дека кралството брои вкупно 35.427 жители, сосема е доволно за да се најде на првото место на листата.
Во Сент Китс и Невис, која е на второто место има вкупно 53.000 жители и еден милијардер, исто како и Гернзи, која има 65.570 жители и еден милијардер.
На четврто место е Хонг Конг со 39 милијардери и над седум милиони жители.
На петтото место е Белизе, мала средноамериканска држава на брегот на Карипското Море која се граничи со Мексико на север и Гватемала на запад и југ, со 356.000 жители и еден милијардер.
Потоа следи Кипар со 1,1 милион жители и тројца милијардери. На седмото место е Израел со 7,8 милиони жители и 17 милијардери.
Осмо место е Сингапур во кој живеат десет милијардери.
Кувајт е на деветото место со 2,8 милиони жители и пет милијардери, а на десетто место е Швајцарија со 7,9 милиони жители и 13 милијардери.
Во повеќето случаи, станува збор за мини-држави кој важат за фикален рај.