17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелена бомба: Напиток за кожа како од Фотошоп

Зелена бомба: Напиток за кожа како од Фотошоп

61072645-guliverthinkstock-smoothie

Ако сакате навистина да го размазите вашето тело, тогаш овој напиток е вистинската работа за вас. Оваа зелена бомба полна со хлорофил е одлична за здравјето и ја враќа енергијата во вашиот организам.

Хлорофилот е пигмент кој се наоѓа во сите зелени билки. Ние во телото го внесуваме преку зелениот зеленчук и овошјето. Тој е сјаен во борбата против анемија, му помага на телото да се бори против инфекциите, го чисти црниот дроб и дигестивниот систем, ги уништува бактериите и делува антисептично.

Жените сигурно ќе ги воодушеви информацијата дека хлорофилот е голем сојузник во борбата против проширените вени бидејќи ја зајакнува крвта, ја подобрува циркулацијата и така го ревитализира васкуларниот систем во нозете. Со редовното консумирање на зелен зеленчук проширените вени ќе се намалат и вашите нозе ќе изгледаат поубаво. Овој зелен напиток е вистинска хлорофилна бомба која за момент ќе го разбуди вашето тело и ќе му ја врати потребната енергија, а може да се консумира во секој период од денот.

Состојки:

– 1 лимета (зелен лимон)

– ¼ ананас

– ¼ краставица

– половина шака брокули

– 1 стебленце целер

– 1 шака спанаќ

– 1 шака кељ

– 1 дцл бадемово млеко или обичен јогурт

– шака мраз

Олупете ја лиметата и ананасот, ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека да се соединат. Во стаклена чаша ставете го ледот и прелијте го со напитокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП