2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Елена Костовска во Куманово

Концерт на Елена Костовска во Куманово

Image (84)

Во четврток, со почеток во 20 часот во Малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово концерт ќе одржи пијанистката Елена Костовска.

Концертот е насловен како „Француско – шпански ароми“ и е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

На програмата на концертот се „Француско – шпански ароми“ 1.F.Couperin (1668-1733)- Le Reveil-Matin (Утро-Будење) 2.C.Debussy (1862-1918)- Suite bergamasque („Музиката  e простор помеѓу нотите’- К.Дебиси) 3.F.Chopin (1810-1849)- Vals  – cis-moll, op.64,nr.2, As-dur, op.post., e-moll, op.post., 4.E.Lecuona (1895-1963)- Rapsodia Negra,5.  3 Argentinski tanga: I.Albenis (1860-1909)-Tango, A.Ginastera (1916-1983)- Danza de la moza donosa,,E.Lecuona (1895-1963)- A la Antigua

Елена Костовска е родена во Скопје, го завршува Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во пијано класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањео на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос Фондацијата.

Во меѓувреме учествува на натпревари во Македонија, а во 1995 година учествува на меѓународниот натпревар “Музиката и Земјата” во Софија, каде ја добива специјалната награда, а зема и учество на меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија 1999 година. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В.Крпан, Е.Корољов, А.Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од  Софија,Бугарија, проф. Арбо Валдма од Келн, Германија, а во последно време со реномираниот професор Питер Фојхтвенгер од  Лондон, Англија.

Во изминативе години има одржано солистички концерти во Македонија, Германија, Софија и Лондон .Исто така зема учество и на бројни камерни концерти  во Македонија.

По завршувањето на постдипломските студии во Германија од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачка класа при ДМБУЦ, а моментално работи како наставник по пијано во ДМБУЦ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП