10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлинден прва општина во Македонија што почна да применува „е-кат шалтер“

Илинден прва општина во Македонија што почна да применува „е-кат шалтер“

opstina-ilinden

Општина Илинден во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности од денеска ја воведе новата услуга „е-кат шалтер“ со која граѓаните на општинските шалтери можат да добиваат имотен лист, лист за предбележување градба, евидентен лист, пописен лист со незапишани права и лист за времени објекти.

Илинден е прва општина во државава што ја воведува таа услуга.  Целта, како што истакнаа првите луѓе на општината и катастарот, е подобрување на услугите за граѓаните, квалитетен и побрз пристап до бараните услуги.

Граѓаните, кои денеска првпат извадија имотни листови во општина Илинден изјавија дека се презадоволни од услугата. Заштедиле време и пари бидејќи не морале да патуваат до Агенцијата за катастар.

На стартот на новата услуга присуствуваа директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славе Трпески, директорот на скопската подрачна единица на катастарот Диме Спасов и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП