За да поседувате вакво милениче, потребно е да потрошите огромна сума на пари. Оние кои поседуваат ваков миленик во општеството се статусен симбол.
Кучето Тибетски мастив кое има потекло од номадските племиња во Централна Азија и кое се користело за лов, според многумина е најскапото куче во светот, неговата цена изнесува вртоглави 800.000 долари, а за подобар примерок ќе биде потребно да одвоите дури и 1.000.000 долари.
Рекордот го држи Тибетскиот мастив со црвено влакно кој беше продаден за рекордни 945.000 фунти на бизнисмен од Северна Кина.
Тибетскиот мастив спаѓа во групата на големи раси и постигнува тежина од 130 килограми.