4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и натаму ќе добива нафта од Венецуела

САД и натаму ќе добива нафта од Венецуела

Oil Production in Venezuela : Oil camp in Morichal district of Orinoco Oil Belt, Monagas state

Венецуела ќе продолжи да и испорачува нафта на САД, без оглед на затегнатите меѓусебни односи, порача министерот за нафта и рударство, Рафаел Рамирез.

Претходно овој месец, Каракас протера двајца американски воени аташеа, како одговор на протерувањето на двајцата венецуелски дипломати.

„Венецуела и натаму ќе доставува нафта во САД, затоа што тие се наш главен пазар, а покрај тоа во таа земја имаме сопствен рафинериски комплекс“, изјавил Рамирез.

Според министерот ситуацијата во нафтената индустрија во Венецуела е потполно нормална и стабилна.

„Се ќе биде стабилно и во иднина и ние сме уверени дека ќе продолжи Боливарската револуција“, истакнува Рамирез.

Традиционално добрите економски односи меѓу Венецуела и САД се спротивни на политичките, кои веќе две години се затегнати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП