28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ДПМ поетска средба со Борче Панов

Во ДПМ поетска средба со Борче Панов

Image (62)

Денес, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи авторска средба со истакнатиот македонски поет Борче Панов кој живее и создава во Радовиш.

Повод за средбата е најновото поетско остварување на авторот, стихозбирката „ВДАХ“ што се појави во издание на „Матица македонска“. За творештвото на Борче Панов ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе чита Александра Велинова.

Борче Панов е член на ДПМ од 1998 година. Автор е на обемен и  впечатлив поетски опус во кој се и стихозбирките: „Што виде Чарли од наопаку“, „Циклонско око“, „Стоп Чарли“, „Такт“, „Гатанка од стакло“, „Базилика на ракописот“ и „Заумна вечера“. Добитник е на повеќе реномирани книжевни награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП