2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија предлага посилно влијание на БРИКС

Русија предлага посилно влијание на БРИКС

rusija4

Русија предлага да се зајакне глобалното влијание на неформалниот клуб БРИКС, кој го сочинуваат Бразил, Индија, Кина, Јужноафриканската Република и Русија.

Инцијативите беа предложени во предлог документите од страна на руските експерти, а тие ќе бидат предложени на самитот на БРИКС на 26 и 27 март во јажноафриканскиот град Дурбан.

Експертите смеаат дека е потребно формирањето на постојан секретаријат на БРИКС, прво виртуелен, а потоа формален.

Минатата година Индија предложи да се формира Развојна банка во Москва, со почетен капитал од 50 милијарди долари.

На последниот самит во Њу Делхи беше донесена одлуката за трговски и други буџети помеѓу партнерите во национални валути. Во врска со тоа, руските експерти предлагаат да се формира банка за меѓунароен буџет, со цел да се осигураат земјите БРИКС од наглите флуктуации на вредноста на доларот и валутните војни.

Формулирана е и иницијативата да се формира специјален антикризен фонд од 240 милијарди долари. Суштината на руската иницијатива е зајакнувањето на интеграциите, смета експертот на Дипломатската академија на руското Министерство за надворешни работи, Андреј Волоџин.

Економската интеграција помеѓу земјите БРИКС заостанува од идеалниот модел кој постоеше во Европската економска заедница и кој подоцна се префрли во рамките на ЕУ. БРИКС посакува да воспостави таква интеграција.

Благодарение на својот углед и состојба Русија е во состојба да ги стимулира своите партнери од БРИКС да станат повеќе конкурентни, поактивни и економски стабилни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП