19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите со најголеми социјални трошоци не се оние со најголем јавен долг

Државите со најголеми социјални трошоци не се оние со најголем јавен долг

dolg1

Европската криза поради која милиони Европејци ги загубија своите социјални права, ги продлабочува разликите помеѓу државите членки на Европската унија, пренесуваат европските медиуми. Најтешко погодени се младите, невработените жени и самохраните мајки во источните и јужните држави од Европската унија.

-Најголем  дел од општествениот систем не може да ги заштити приходите во домаќинството од последиците на кризата, изјави европскиот комесар за вработување Ласло Андор. Претставувајќи ја годишната анализа на Комисијата за социјални работи и вработување во ЕУ во 2012 година, Андор изјави дека подобрувањето на националните системи за социјална заштита, може да ја зголеми отпорноста на економските шокови и да го олесни патот за побрз излез од кризата. Во анализата е наведено дека државите членки со најголеми трошоци за социјална помош не се оние со најголем државен долг.

Комисијата истакнува дека силната социјална заштита, како што е грижата за децата со самохрана мајка и добро обмислените стандарди кои обезбедуваат пристап до социјалната помош во време на криза, можат да придонесат во намалувањето на невработеноста, која моментално забележува „рекордни бројки“, кои не се забележани речиси 20 години. Во еврозоната речиси 19 милиони луѓе (11,8 проценти) се невработени, што претставува најголемата бројка од 1999 година кога беше воведено еврото, покажуваат податоците на Еуростат. Една година претходно невработеноста во еврозоната беше 10,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП